Центар Жупа и Маврово Ростуше добија градоначалници – ВМРО-ДПМНЕ: Едвај постигнавте консензус поради егзодусот што го предизвикавте

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Центар Жупа и Маврово Ростуше добија градоначалници. Во Центар Жупа победи единствениот кандидат во трката, Аријан Ибраим кој доаѓа од Демократската партија на Турците, поддржан од СДСМ.

Во Маврово Ростуше победи кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски. По објавувањето на прелиминарните резултати од ДИК, Куртовски им вети на своите сограѓани дека ќе работи за реализирање на дадените ветувања.

За поддршка и честитки за победата на Куртовски, присутен беше и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој рече дека за него ова е прва победа на избори откако е на чело на социјалдемократите.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со критики велејќи дека во овие две мали општини  требало да се гласа три пати за да се постигне консензус поради егзодусот што го предизвика власта.

Во општина Центар Жупа вчера се гласаше по втор пат, а во Маврово Ростуше по трет пат, бидејќи на претходните избори не се постигна консензус за да се помине изборниот праг.