Православната црква ја повикала владата на Кипар да ја повлече песната „Ел Диабло“ со која државата треба да се претстави на овогодинешното издание на Евросонг во Холандија, поради тоа што не им се допаѓа називот кој во превод значи „Ѓавол“.
Во своето образложение, црквата навела дека песната „во основ го фали фатаилистичкото потчинување на луѓето пред ѓаволот“, и ја повика државта да ја замени песната со некоја која ќе претставува историја, култура и традиција на земјата“.
На страната на оние кои ја осудија песната се најдоа и свештеници, организација на теолози кои предаваат во средните училишта, десничарски партии но и дел од граѓаните на Кипар.
Од друга страна има многу на кои им се допаѓа песната и пораката која ја носи. Креаторите на песната објасниле дека таа не се оддава чест на ѓаволот, туку да зборува за борбата меѓу доброто и злото.
Претседателот на одборот на јавниот сервис порачал дека песната нема да биде повлечена.
Во продолжение слушнете ја песната која ќе ја претставува Кипар на годинашниот Евросонг.
