Вратите на соборниот храм „Свети Климент Охридски„ во Скопје беа отворени . Во дворот на црквата се работеше, се косеше тревата и се садеа цвеќиња.
Се правеа подготовки за празникот, при што требаше да се одржи литургија за „Задушница“пред утрешниот „Духовден“.
Иако немаше литургија, свештеникот беше таму. Тој за ТВ21 зборуваше за важноста на овој празник. Празникот всушност е утре, на 50 ден на воскресувањето на Исус Христос, кога ќе воскресне и ќе дојде по втор пат.
Црквата беше празна поради тоа што верниците не можеа да присуствуваат поради полицискиот час кој е воведен на територијата на Скопје. Ова ги револтирало верниците, вели свештеникот.
Свештеникот смета дека ритуалот можело да се одржи во храмовите, почитувајќи ја дистанцата, бидејќи и онака не е дозволен влез на повеќе од 10 верници. Мирно беше и на најголемите гробишта во Скопје, тие во Бутел. Вратите беа затворени и немаше верници. Празно беше и во црквата „Богородица“.
Но, не беше така и во црквите надвор од Скопје. Во Гостивар, каде што полицискиот час не трае 80 часа, туку започнува во 16 часот и завршува во 5 часот утредента, верниците, покрај црквите, ги посетија и гробиштата.
Владиката Агатангел упати јавен повик до верниците да присуствуваат во црква за време на празникот. Јавното обвинителство во Велес отвори постапка по допрен глас, затоа што, како што е наведено во известувањето на Обвинителството, повикот е направен во време на пандемија.
