„Црна година“ за воздушниот превоз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Годинава која ја испраќаме, се покажа како една од најлошите години во последните неколку децении кога се во прашање авионските превози, со бројни авионски инциденти и катастрофи ширум светот.

Повеќе од 300 лица ги загубија животите во несреќа, а најмногу во последниот случај со инцидентот во Јужна Кореја, каде 179 лица ги загубија животите.

Пред тоа се случи несреќа во која загина иранскиот претседател, како и други инциденти со хеликоптери и авиони.

Се случи судир на два авиони, на јапонската крајбрежна стража и патнички авион на аеродромот Токио 2 во јануари 2024 година. Сите петмина патници загинаа од авионот на крајбрежната стража загинаа, а 379 патници од патничкиот авион беа навреме евакуирани, при што авионот го зафати пламен.

Крајот на јули се сруши авион во Непал, каде што загинаа 18 лица, додека 11 август патнички авион во Бразил падна при што загинаа 62 патници и членови на екипажот.

Минатата среда се урна авион во Казахастан на азербејџанската државна авио компанија, при што загинаа 39 лица. Азербејџан за несреќата ја обвини Русија.