Граѓаните на Русија и Кина повеќе нема да можат да влегуваат во Црна Гора без виза, почнувајќи од 1 ноември 2026 годинa.
Одлуката доаѓа откако црногорската влада ги одобри измените на Регулативата за визи, насочени кон хармонизирање на визната политика со Европската Унија. Покрај Русија и Кина, на оваа листа се и граѓаните на Белорусија, Саудиска Арабија и Турција, на кои исто така ќе им биде потребна виза за влез во Црна Гора.
Министерството за надворешни работи на оваа земја објавува дека овој чекор претставува еден од последните критериуми за затворање на Поглавјето 24 од преговорите со ЕУ, кое е поврзано со правдата, слободата и безбедноста. Според властите, исполнувањето на овој критериум, исто така, го отвора патот за повлекување на околу 4 милиони евра од Европскиот план за раст за Западен Балкан. Во меѓувреме, апликациите за визи повеќе нема да бидат ограничени само на црногорските амбасади и конзулати, бидејќи граѓаните ќе можат да аплицираат и преку меѓународната визна служба VFS Global.
