Црногорската влада го прогласи понеделник 23 декември за ден на жалост во врска со трагичниот настан во училиште во Загреб, изјави во саботата премиерот Милојко Спајиќ.
Спајиќ во објава на мрежата Х упати сочувство до семејството и пријателите на убиеното дете. „Испраќаме сочувство до семејството и пријателите на повреденото дете и се молиме за побрзо закрепнување на повредените. Нашите мисли се со нашите соседи“, напиша Спајиќ на X.
Во страшното злосторство што вчера ја потресе Хрватска и регионот, загина седумгодишно дете, а три деца и наставник се повредени кога 19-годишен напаѓач вооружен со нож упаднал во основно училиште.
