Поглаварот на Српската православна црква во Црна Гора, Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, денеска бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица.
Локалните медиуми информираат дека митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.
Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед.
Спорниот закон бара сите верски заедници да се регистрираат и да ја докажат сопственоста над имотот што го поседувале и пред 1918 година.
