Црна Гора, земја со тројно помалку жители од Македонија има официјално 89 милионери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цела Црна Гора која има тројно помалку жители од Македонија, односно официјално 633.158 со пописот од 2023 година, регистрирала 89 жители кои имаат повеќе од 1 милион евра на сметка.

„Треба да се нагласи дека Црна Гора има голем број и т.н. „невидливи“ милионери, луѓе кои до ова богатство стигале преку сивата економија и сигурно не ги чуваат парите на видливи сметки“, вели Инес Мрдовиќ од невладината Акција за социјална правда.

Црна Гора е мал рај за милионерите бидејќи нивните приходи се оданочуваат со многу ниски стапки. Дополнително, оваа земја во 2019 година воведе „економско државјанство“ за сите оние кои инвестираат 250.000 евра на северот на земјата или 450.000 на крајбрежјето.

Преку ваквите државјанства Црна Гора доби 300 милиони евра инвестиции до 2022 година кога под притисок на ЕУ мораше да го прекине издавањето на „златните пасоши“. Според податоците на Центарот за граѓанско образование, во тој период биле издадени 2.441 почесни државјанства.

ИЗВОР: Слободна Далмација