Црна Гора успешно се бори со инфлацијата, изјави црногорскиот министер за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ.
„Еве неколку податоци за трендот на инфлацијата во јули. Црна Гора е повторно најдобра во регионот и блиску до трендот на инфлација во Европската Унија, каде тој процент е во износ од 6,1 отсто“, напиша Ѓуровиќ на својот профил на мрежата Х (Твитер).
Податоците на Монстат покажуваат дека потрошувачките цени во јули биле за 6,9 отсто повисоки во Црна Гора во однос на истиот месец лани.
