ЦУК: Добиен повик за сообраќајна незгода во Кичево, брзо реагирано, нема повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На Единствениот број 112 во Центарот за управување со кризи e добиен специфичен повик повик до Сектор за операции и координации во кој автоматска секретарка на мобилен телефон соопштува координати, каде што најверојатно се случила сообраќајна незгода, што кореспондираат на локација близу бензинска пумпа на „Макпетрол“, на бул. „Илинден“. Кичево.

Веднаш од ЦУК е направен е обид за контакт со лицето што првично беше неуспешен – не беше остварена паралелно со Полицијата е остварена координативна соработка. За кратко време, од лице место, лицето сопственик на телефонот се јавило во ЦУК и од него била и повторно потврдена сообрќајната незгода и е информирано дека веќе и екипата на полицијата од ОЦ СВР Охрид, е на местото на настанот.

Во сообраќајната незгода немало регистрирани повредени.