ЦУК: Има уште неколку активни жаришта – пожарот во Будинарци повторно активен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До 16 часот, според информациите на Центарот за управување со кризи, имаме активни пожари во селото Будинарци во Општина Берово, во Сарај и Петровец.

Додека пожарите кои се делумно локализирани се пожари во прилепските села.

Од ЦУК велат дека пожарот во штипските села Драгоев и Селце е ставен под контрола.

Во меѓувреме, Кризниот штаб прави планови на кои места е поитно да се реагира утре наутро.