ЦУК Куманово со детали за тешката несреќа на патарината Романовце: Интервенирале пожарникари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека пожарникатите од ТППЕ Куманово – имаат техничка интервенција на вадење лице од автомобил после тешка сообраќајна несрека.

Несреќата се случила во период од 03,35 до 04,15 часот.

Имено, автомобил марка „голф” со голема брзина удрил во бетонска ограда на Патарина – Романовце на Магистралниот патен правец Куманово – Скопје.

Возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место.

ППЕ интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари.