Туристичките работници револтирани: Бараат неодложно вклучување во петтиот сет мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Елвир Садиковиќ од Асоцијацијата на туристички водичи во денешното издание на емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека туристичките работници се револтирани, а воедно и разочарани затоа што Владата одлучила да не ги вклучи во петтиот пакет мерки.

„Сите туристички водичи, придружници како едни од чинителите во туристичкиот сектор навистина се погодени од оваа криза и очекувавме да бидеме финансиски поддржани“, вели Садиковиќ.

Тој посочи и кои се нивните барања.

„Нашите барања се да бидеме неодложно вклучени во петтиот сет мерки, но и во понатамошните пакети доколку Владата одлучи за нив во наредниот период“, додава Садиковиќ.