Турска компанија со помош за Општина Чаир, поделени околу 200 пакети храна

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Турска компанија донесе околу 200 пакети со храна во општина Чаир за луѓето на кои им е потребно. Општина не поседува податоци за социјалниот статус на жителите, затоа во соработка со хуманитарното здружение Класје на добрината, ќе ја делат оваа помош.

„Затоа одлучивме секоја донација која стигнува кај нас, како храна за семејствата од ранлива категорија и со социјална помош да ги упатиме до хуманитарните здруженија бидејќи тие имаат подобра евиденција, дата база и професионалци, екипа и средства за трансфер до нивните домови“, рече Ганиу.

Претседателот на здружението Класје на добрината, рече дека пакетите ќе се праќаат лично до домовите на семејствата на кои им е потребно, а истите треба да се пријават во здружението Класје на добрината.

„Се надеваме дека хуманитарното здружение Класје на добрината ќе се обиде овие пакети да ги испрати таму каде што ќе биде најпотребно и во овој случај за содржината немаме информации но станува збор за прехранбени артикли“, изјави Руфат Шерифи, претседател на „Класје на добрината“.

Исто така од општина Чаир, известија дека овој викенд за време на полицискиот час ќе им помогнат на граѓаните од оваа општина за купување лекови и испраќање на истите до нивните домови. Жителите на Чаир ќе можат да направат нарачка јавувајќи се на телефонските броеви 072 521 165 и 078 391 890 во временски интервал од 10 часот до 20 часот, а двајца ангажирани работници со дозвола за движење ќе ги носат лековите до нивните домови.