Турска ѕвезда бесна на сонародници кои профитираат од туѓата несреќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди јужна Турција веќе однесе повеќе од 5.000 животи во таа земја и Сирија, а се стравува дека бројот на жртвите може да биде многукратно поголем. Под урнатините се затрупани и многу спортисти, од кои повеќето се спасени, а на помош на социјалните мрежи повикуваат турските спортисти кои не биле во земјава.

Стоперот на Лестер, Каглар Сојунчу предупреди за срамни случаи на профитерство на несреќата на загинатите во земјотресот, за што напиша на својот Твитер профил.

Турскиот репрезентативец тврди дека информациите ги добил од прва рака од улиците на турските градови.

„Неморални момци без никаква човечност се обидуваат да го ограбат нашиот народ. Тие препродаваат ќебиња за пет пати поскапо додека Турција е во жалост и луѓето се обидуваат да си ги спасат животите под урнатините. Овие луѓе не смеат да останат неказнето и не смееме да се правиме дека ништо не се случува“, му напиша тој на Сојунџу.