Турски новинар: Седат Пекер уапсен во Дубаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На социјалната мрежа Твитер, турски новинар објави дека Седат Пекер, кој поседува македонски пасош, бил уапсен во Дубаи.

„Полицијата на ОАЕ го спроведе Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи“, стои во објавата на новинарот Алишер Делек.

Пекер е меѓу оние кои добиле македонски пасош со лажен идентитет на граѓанин од Скопје по име Џадин Адемовски во аферата што ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница.