ТУРСКИ СОМУН: Замесете, стопете и печете во тавче – Пециво кое одлично оди и со солени и со слатки намази

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турскиот сомун леб е совршено меко и дарежливо пециво кое бара соодветен намаз, па може да биде и сладок и солен оброк соодветно.

Потребно ви е:

  • 1.100 гр брашно
  • 400 мл топла вода
  • 400 гр јогурт
  • 1 лажичка сол
  • 15 g сув квасец
  • 50 гр путер

Подготовка: Во сад прво ставете јогурт, па сол и квасец. Потоа додадете брашно и месете, а потоа додадете вода – постепено.

Кога ќе го замесите мазното тесто, оставете го да стаса околу 2 часа. „Грабете“ помали топчиња, распоредете ги на работната маса и пропржете ги во тавче со малку путер.