Турски товарен брод со 10 членови на екипажот потона денеска по судир со танкер во близина на Истанбул, соопштија турските власти.
Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу изјави дека во потрагата по исчезнатите се вклучени два хеликоптери и 12 пловни објекти.
„На бродот имаше 10 морнари, вклучително и капетанот. Сите се турски државјани. Можеме да кажеме дека бродот потона многу брзо, за само 11 минути. Досега никој не е пронајден жив“, изјави Уралоглу.
Според последните информации, потрагата по членовите на екипажот продолжува во областа на несреќата.
