Некогаш беше најпосетуван објект, а денес е руиниран и оставен на немилост на судбината! Турскиот амам „Мустафа Челеби“ се наоѓа во срцето на Струга, на само неколку метри од пазарот. Иако одамна беше прогласен за споменик од културата, сега е непознат за стружани и посетителите, поради негрижата на државата кон ова културно наследство.
Охридскиот музеј надлежноста за овој објект до гал на ИВЗ Струга. Од ИВЗ велат дека поради тоа што дворот на амамот е приватизиран се е блокирано.

Струшките печалбари собраа пари за да го вратат приватизираното место, а сега се преземаат чекори за реновирање и ставање во функција на овој амам. Сега како што може да се види од снимките, објектот е во многу лоша состојба.
Пред неколку години Турската агенција за соработка и координација – ТИКА сакаше да интервенира, но поради нерасчистени имотно-правни односи немале пристап до објектот. Информациите што ги имаат во струшкото муфтиство се дека амамот е изграден заедно со џамијата која се наоѓа во непосредна близина и е стар околу 500 години.
