Турција без никакви најави го забрани „Инстаграм“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција го блокираше пристапот до платформата за социјални медиуми Инстаграм, објави денеска турското регулаторно тело за информатичка технологија, без да ја прецизира причината или колку долго ќе трае забраната.

Таа одлука е објавена на веб-страницата на турската регулаторна управа за информатичка технологија.

Забраната уследи откако турскиот службеник за телекомуникации Фаретин Алтин ја критикуваше социјалната мрежа за блокирање на објави во кои се изразува сочувство за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, објави Ројтерс.

Алтун, кој е шеф за комуникации на турското претседателство, на платформата Х напиша дека станува збор за очигледна цензура бидејќи Инстаграм не навел дека имало прекршување на правилата за објавување на таа платформа кога блокирал објави во кои се изразува сочувство за убиството на Ханије. .