Според податоци на специјализираниот Научен совет за борба против коронавирусот, од 1.300.000 лица вакцинирани со втората доза на кинеската вакцина Синовак, што се користи во Турција, вкупно 852 лица се разболеле од Ковид-19.
-Но, меѓу нив нема смртни случаи или интубирани пациенти, изјави проф.д-р Мустафа Нејми Илхан од Научниот совет.
Според него, 53 од пациентите биле примени во болница со дијагноза инфекција со коронавирус. Пет пациенти се сместени на одделот за интензивна нега, а тројца од нив се веќе отпуштени.
– Податоците покажуваат дека две недели по приемот на втората доза на вакцината, период што се смета за доволен за стекнување на имунитет, вакцината има позитивно влијание во справувањето со коронавирусот, нагласи турскиот научник
Според податоците на турското Министерство за здравство, заклучно со 10 март, бројот на вакцинирани турски државјани е вкупно 10.556.000, а 2.724.000 лица биле вакцинирани со двете дози.
