Турција последен патник меѓу најдобрите осум на ЕП, познати сите четвртфинални дуели

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Турција со победата над Австрија, е последниот патник во 1/4 финалето на Европското првенство во Германија.

Турците вечерва со двата гола на Демирал успеа да дојде до 2-0 против Австријците, кои само успеаја да намалат преку Грегорич во 66. минута. Демирал првиот гол го постигна во 57. секунда од мечот.

Турците со тоа ќе играат во 1/4 финалето против Холандија.

Ова се 1/4 финалињата на ЕВРО 2024:

5. јули 18:00: ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА

5. јули 21:00: ПОРТУГАЛИЈА – ФРАНЦИЈА

6. јули 18:00: АНГЛИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

6. јули 21:00: ХОЛАНДИЈА – ТУРЦИЈА