Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по состанокот на кабинетот истакна дека полицискиот час ќе се применува повторно на 16-17-18-19 мај.
Голем број од турските градови изминатите четири викенди беа со полициски час, а беше укинати беа и меѓуградските патувања.
Забраната за меѓуградски патувања се укина во дел од градовите, но засега само во трите најголеми градови, Истанбул, Анкара и Измир останува мерката на сила.
Претходно, на 23 април полициски час беше воведен во 31 град . Покрај тоа, во викендите беа воведени и полициски часови како дел од борбата против пандемијата со коронавирусот.
