Туск: Принудена капитулација на Украина ќе значи капитулација на Западот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека присилната капитулација на Украина ќе значи капитулација на целиот Запад.

„Принудената капитулација на Украина би значела капитулација на целата западна заедница. Со сите последици од овој факт. И никој да не се преправа дека не го гледа ова“, напиша Туск на платформата „Икс“.

Туск претходно изјави дека на самитот на европските лидери во Париз за војната во Украина, што се одржа во понеделник, ќе побара од лидерите да се изјаснат дали се подготвени да донесат „сериозни одлуки за одбраната“ и оцени дека не треба да се размислува за воспоставување алтернатива на НАТО.