Личноста која утре ќе седи до Заев, ќе биде новиот мандатар?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утре ќе се знае кој ќе биде новиот мандатар и наследник на Заев, дознава ТВ21.

Ова беше кажано во емисијата „21 анализа“ вечерва.

Фактички утре лицето кое ќе седне до Заев на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, тој ќе биде новиот мандатар.

Името и натаму не се знае, иако во јавноста се шпекулираше со многу имиња во изминатиот период.

Премиерот ги информирал неговите најблиски соработници, веројатно сите се сложуваат, а тој човек ќе биде и кандидат за претседател на СДСМ.