МЕПСО го поништи договорот со Енергоинвест од Сараево за далекуводот со Албанија, потврдија за ТВ 21 владини извори.
Повеќе детали од МЕПСО ќе соопштат во понеделник.
Ова е направено во консултации ЕБРД а информирана е и компанијата. Владини извори велат дека не очекуваат МЕПСО да плаќа пенали, затоа што компанијата побарала Анекс од плус 7.5 милиони евра. Се очекува процедурите за новиот тендер да завршат за 2- месеци, а изградбата на едниот дел од проектот за 2 години.Тендерот беше склучен во 2020 година на 17 милиони евра
Токму првата емисија на Бизнис 21 беше далекуводот со Албанија и каде завршија 50 милиони евра од нашето енергетско поврзување.
ТВ21 и претходно информираше за оваа тема, а истите можете да ги прочитате во продолжение:
- Граѓаните платија, а добија – нива со трева наместо далекуводот Битола-Елбасан
- ТВ21 дознава: МЕПСО во консултации со Владата – ќе се раскине договорот за далекуводот со Албанија?!
