ТВ21 од свои извори дознава дека владата на денешната седница донела уредба, која има важност на закон, а со кој еднострано се раскинуваат концесиите на сите каменоломи во Лабуништа.
Оваа информација, за ТВ21 ја потврдуваат и извори од владата. Во Лабуништа имаше пет каменоломи, поради кои имаше неколкумесечни протести, а дел од жителите едно време и кампуваа пред каменоломите барајќи да престанат со работа.
Се жалеа дека поради работата на каменоломите се уништува флората и фауната, но и како што жителите тврдат зголемен е бројот на луѓе со здравствени проблеми.
