ТВ21 во преспанско Наколец каде беа пронајдени артефакти – Љутков: Извршен е увид, ќе се испитува местото идната година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипа на ТВ21 беше во близина на селото Наколец во Преспа, каде што неодамна биле пронајдени артефакти по повлекувањето на езерото.

Таму мештаните кои ги пронашле велат дека никој не се грижи за артефактите и дека ги информирале надлежните, но никој не дошол да види за што станува збор.

За ова дебатиравме со министерот за култура Зоран Љутков кој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека извршен е увид, и дека во 2025 има планирано средства за испитување на местото.

„Знам за случајов, бидејќи комуницирам, затоа што сум министер на 72 директори, и добив информации дека стручен тим е отиден таму и извршен е увид на локацијата. Тоа е блиску до селото Наколец, каде што се забележани објекти од наколна населба. Има исто така и работи од движно и недвижно минато, и веќе обезбедени се средства за 2025 година за испитување на местото“, рече Љутков.