Твитер трајно го блокира Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Твитер го суспендираше претседателот Доналд Трамп од својата платформа, соопшти компанијата во петокот вечерта.

„По внимателно разгледување на неодамнешните твитови од сметката @realDonaldTrump и контекстот околу нив, трајно ја суспендиравме сметката поради ризик од понатамошно поттикнување насилство“, објави Твитер.

Одлуката на Твитер следеше по два твита објавени од Трамп во петокот попладне, кои на крајот ќе бидат неговиот последен. Твитовите ја нарушија политиката на компанијата против величењето на насилството, објави Твитер.

Првиот твит беше за приврзаниците на Трамп.

Вториот посочи дека Трамп не планира да присуствува на инаугурацијата на eо Бајден.

Твитер соопшти дека твитот во врска со инаугурацијата може да се смета како дополнителна изјава дека изборите не биле легитимни. Исто така, се вели дека твитот може да се протолкува како Трамп кој вели дека инаугурацијата ќе биде „безбедна“ цел за насилство затоа што тој нема да присуствува на тоа.

Другата изјава на Трамп за американските патриоти сугерира дека „тој планира да продолжи да ги поддржува, зајакнува и штити оние кои веруваат дека победил на изборите“, објави Твитер.

Забраната на Твитер конкретно се однесува на „сметката @realDonaldTrump“, а не на претседателот Доналд Трамп лично.