U2 прославиja 50 години со изненадувачки концерт во своето поранешно средно училиште во Даблин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рок гигантите U2 се вратија вчера во своето поранешно средно училиште и одржаа изненадувачки настап на улицата Графтон во Даблин, со специјални концерти по повод 50-годишнината од формирањето на бендот.

Боно, Еџ, Адам Клејтон и Лери Мален Џуниор – кој го одржа својот прв концерт во живо откако во 2023 година беше подложен на операција на вратот и грбот – настапија пред околу 1.000 ученици и членови на персоналот над училишниот двор на „Mount Temple Comprehensive“, половина век откако тапанарот за првпат оставил рачно напишана порака: „Тапанар бара музичари за формирање бенд“.

Професорката по веронаука во училиштето, Софи Ширли, која денес има 80 години, се присети на моментот кога за првпат ја видела пораката.

„Добро се сеќавам. Еден ден случајно спомнав: „Бог има посебна цел за секој поединец“, а Лери ја крена раката и рече: „Госпоѓице, сакам да бидам тапанар во бенд“. Никогаш претходно не сум го видела Лери да зборува со таков нагласок, а тој воопшто не зборуваше многу“, раскажа таа.

U2 за првпат свиреле во кујната на родителите на Мален Џуниор пред точно 50 години, а својот прв концерт го одржале на истата сцена во училишниот натпревар за таленти, изведувајќи кавер-верзии.

Вчера U2 се вратија на истото место и изведоа седум песни, меѓу кои и првата изведба во живо на нивниот нов сингл „Silencio“, објавен само еден ден претходно.

„Избегавме од лабораторијата“, изјави Боно при излегувањето на сцената. „Како ви функционира експериментот?“, им порача тој на учениците, кои држеа транспаренти со пораки „Го сакам U2“ и „Прекрасен ден – нема училиште“.

Настапот започна со „I Will Follow“, а потоа следуваа „Vertigo“, „Beautiful Day“, „Out Of Control“ и „One“.

За време на „One“, на бендот на гудачки инструменти му се придружија 32 ученици од Music Generation, ирската музичка образовна програма која U2 ја финансирале и основале пред 15 години.

„Овој остров е полн со песни, музика и палавштини и многу сме горди што сме Ирци“, им порача Боно на присутните.

Откако учениците почнаа да скандираат „уште една песна“, U2 се вратија на сцената и концертот го завршија со хитот „With Or Without You“.