Уапсен осомничениот кој со автомобил влета меѓу пешаци во Лајпциг – намерно го сторил чинот?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осомничениот за нападот со автомобил врз пешаци во центарот на Лајпциг во понеделник е идентификуван како 33-годишен Германец, а властите го опишаа неговиот чин како намерен.

Тој бил уапсен без отпор додека сè уште бил во возилото , изјави шефот на полицијата во Лајпциг , Рене Демлер . Обвинителите отворија истрага под сомнение за две убиства и најмалку два обиди за убиства.

Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека е можно напаѓачот да бил ментално болен.

Полицијата соопшти дека тој возел од Аугустусплац, плоштад во источниот крај од центарот на градот, по улицата Гримајше и преку главниот плоштад каде што се наоѓа Старото градско собрание.

Според полицијата, на таа рута се случиле најмалку две сериозни сообраќајни несреќи. Две лица загинаа, а неколку други се повредени, од кои тројца потешко, изјави градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг.

Јунг рече дека градските власти мислат на жртвите. „Речиси е неподносливо да се биде сведок на таков чин во понеделник попладне“, рече Јунг, заблагодарувајќи им се на службите за итни случаи.