Во Бор денеска е уапсен полицаец под сомнение дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче Данка Илиќ, дознава Танјуг.
Белградските медиуми јавуваат дека полицаецот бил приведен и дека паднал на полиграфскиот тест.
На осомничениот му одредена мерка притвор од 48 часа.
Денеска четврти ден се трага по Илиќ, која исчезна на 26 март во 13:45 часот.
