Уапсен таткото на убиецот од Младеновац

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српската полиција го уапси Р.Б., татко на У.Б. кој го изврши масакрот во Младеновац, и уби осум лица а рани 14.

У.Б. се сомничи дека во селото Мало Орашје кај Смедерево со огнено оружје усмрти пет лица и шест ги рани, а потоа во Дубона убил уште три лица. Потоа сопрел таксист и го принудил да го вози до селото Вињиште кај Крагујевац, каде бил уапсен.

Некои медиуми во Србија пишуваат дека во куќата на Р.Б. бил пронајден голем арсенал на оружје.