Уапсен велешанецот кој пукаше во полицаец – НПС бара најстрога казна за напаѓачите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници го уасија 31-годишник од Велес кој вчера пукаше во полицаец.

Од МВР потсетуваат дека инцидентот се случи вчера наутро пред црквата „Св.Спас“, кај градските гробишта во Велес. Велешанецот му го одзел службениот пиштол на 46-годишен полициски службеник и пукал кон него.

Претходно, тој со уште три други лица физички нападнале полицајци кои извршувале службени дејства.

Тројца од напаѓачите беа приведени вчера, а полицаецот кој се здоби со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено, е вон животна опасност.

По целосно расчистување на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Независниот полициски синдикат (НСП) ќе ги преземе сите законски активности за добивање најстрога казна за извршителите на кривичното дело.