Четири лица се уапсени по престрелката во тетовската болница. Меѓу нив има и 55-годишна жена.
-Во 23:10 часот во Тетово, СВР-Тетово ги лиши од слобода лицата Р.Т. (35) и М.Т.(44) од Тетово, додека претходно 55-годишната Ш. Е. и лицето Н.М. (39) од Тетово поради сомнение за вмешаност во пукањето со огнено оружје на 11 јануари пред Ургентниот центар на Клиничката болница во Тетово, што се случи околу 18:05 часот, при што две лица се здобија со прострелни рани А.М.(41) и З.М.(36) од село Гајре во Тетово.“, стои во соопштението од СВР Тетово.
Двајцата повредени, по интервенцијата во тетовската болница, се препратени на скопската клиника. Дека повредените се пациенти, , синоќа потврди одговорниот лекар на Итната помош на Тетово, Бобан Вучевски.
Од универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ велат дека на едниот пациент е извршена интервенција и дека неговата здравствена состојба е тешка, додека другиот повреден е во стабилна состојба.
-Едниот од нив е подложен на хируршка интервенција во градниот кош и стомакот и е во тешка општа состојба. Другиот е во стабилна состојба. И двајцата се во КАРИЛ-велат од Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје.
На пукањето и претходела физичка пресметка во тетовскиот суд, кога двете страни физички се пресметале, додека истите странки се сретнале и во тетовската болница каде повредените дошле да побараат лекарска помош.
