Убиено петчлено семејство во САД од кои три деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет членови на семејство во Јута се пронајдени мртви во нивниот дом во Вест Вали Сити во вторникот, соопшти полицијата.

Само 17-годишник бил пронајден жив на лице место и пренесен во болница, потврди за АБЦ Њуз заменик директорот за комуникации Роксеан Ваинуку.

Се претпоставува дека сите починати се членови на исто семејство. Станува збор за 42-годишен маж, 38-годишна жена, 11-годишно момче, деветгодишно девојче и двегодишно момче.

Член на семејството ја контактирал полицијата во понеделникот, откако не можел да дојде до жената која живее во домот, според полицискиот оддел на градот.

Полицијата отишла покрај куќата, но не можела да стапи во контакт со никого внатре. Откако погледнале низ прозорците и разговарале со соседите, полицајците си заминале бидејќи не нашле индикации за вонредна состојба или кривично дело. Тие побарале од членот на семејството да остане во контакт со нив, соопшти полицијата.

Откако жената не се појавила на работа во вторникот, членот на семејството кој првично повикал полиција се вратил во домот и влегол во гаражата, при што го нашол 17-годишното момче повредено со очигледна прострелна рана, соопшти полицијата.

-Добивме налог да ја пребараме куќата и инспекторите влегоа и ја почнаа истрагата – соопштија од полицијата и додадоа дека „ја прегледале населбата, собирале информации и сите видео докази“.