Шест лица се убиени вчера во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар.
Пет лица загинале на лице место, а неколку лица се повредени. Уште едно лице подоцна починало во болница.
Убиени се негувателката и петте старици, корисници на домот, меѓу кои и мајката на убиецот. По нападот убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во блискиот ресторан.
Од полицијата потврдија дека убиецот од Дарувар претпладне ќе биде сослушан. Тоа ќе му биде прва шанса да ја изнесе својата одбрана, а полицијата може да се доближи до мотивот. Засега само се шпекулира дека мотивот е спор околу плаќањето на трошоците за Домот во кој 10 години била сместена неговата мајка.
Мотивот се парите?
Мотивот на ова невидено злосторство, кое го потресе не само Дарувар, туку и цела Хрватска, најверојатно биле парите. Имено, убиецот, воен полицаец во пензија, имал пензија од околу 780 евра, а пензија земала и неговата мајка, но бидејќи таа не била доволна за сместување во домот, морал да го плати остатокот, пишуваaт тамошните медиуми.
Деновиве наводно му се јавил сопственикот на домот за да го потсети дека не платил за домот за мајка му, кој требало да го плати на почетокот на месецот.
