Убиство во близина на Мавровка, полицијата уапсила две лица, третото е во бегство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Застрелан на паркинг во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

Оваа глетка ги шокираше жителите, трговците и случајните минувачи, но најмногу жената која ја придружувала жртвата, која прва побарала помош за да му го спаси животот.

Дошла Брзата помош но само констатирале смрт.

„Сторителот брзо заминал со автомобил од типот цитроен, според неофицијалните информации за кои не известија очевидци од продавниците кои се наоѓаат во близина.“, јавува репортерот на ТВ21 Зекирија Хаџиу.

Потоа на местото на настанот дошла полиција за прибирање материјални докази, додека од друга страна други биле во потрага по сторителот.

Бараа насекаде, дури и со хеликоптер.

Се доближивме да ги прашаме што се случило, но не сакаа да зборуваат.

Поради безбедносни причини, полицијата ги проверуваше и автомобилите кои излегуваа од паркингот.

Граѓаните кои се нашле во близина во моментот на убиството, рекоа дека не се чувствуваат безбедно.

-Пиевме кафе со синот и случајно видовме на телефон, овде близу. Станавме и дојдовме, имаше полиција. Го видовме човекот паднат таму.
-Видовте ли нешто?
-Не, не видовме ништо.
-Ништо, не сме безбедни. Излегуваш со детето, со жената, пука некој, и ќе настрада некој невин.
МВР соопшти дека се уапсени две лица а по третото се трага.

„Во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.“, велат од МВР.

МВР не соопшти иницијали од жртвата ниту мотивите за убиството.

МВР соопшти дека во текот на целиот ден во неколку делови на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција со цел целосно расчистување на случајот.