Убиство во Росоман: Син ја усмртил мајката со нож

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жена е убиена во Росоман, а според првичните информации осомничен е нејзиниот син. Случајот го потврди за МИА доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил дел од екипата што интервенирала на местото на настанот.

„Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место“, изјави Грков.

Засега нема повеќе детали за околностите под кои се случило убиството. Повеќе информации од надлежните институции се очекуваат во текот на денот.