И новата учебна година ќе продолжи во онлајн формат. Владата усвои одлука за реализација на едукативно-образовниот процес. Учениците од прво до трето одделение наставата ќе ја следат со физичко присуство, а останатите ученици од основно и средно образование наставата ќе ја следат онлајн, но со два исклучока. Од друга страна, родителите ќе имаат можност да изберат нивните деца што се на таа возраст наставата да ја следат и онлајн.
Министерот за здравство, Венко Филипче, објасни како ќе изгледа еден училиштен час со анти-ковид мерки.
Но, и покрај усвоената одлука околу тоа како ќе тече наставниот процес, сѐ уште е неизвесно кога ќе започне новата учебна година, со оглед на тоа дека има можност, како што рече Адеми, да има пролонгирање бидејќи се чека на формирање на Собранието за да се направат измени во Законот за образование. Согласно владината одлука, часовите ќе бидат скратени за 10 минути.
