„Учебници и настава мора да има“ – Законот повлечен, но не и намерата за дигитализација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Учебници и настава мора да има“-Оваа порака ќе биде испратена утре, пред Министерството за образвание,  од истоимената група на ФБ која брои околу 70 000 члена. Кон нив се приклучуваат и лицата со посебни потреби за кои како што велат ќе биде голем проблем следењето на он-лајн наставата особено за слепите.

„Најбитната точка е министерката Мила Царовска да си даде неотповиклива оставка веднаш. Прво е нестручна, никогаш не држела дневник во рака, ниту пак била педагог во образовниот процес. Ние сметаме дека е неподобна личност за да седнеме и да разговараме“, истакна Суарет Алишан.

Во врска со шпекулациите за повлекувањето на предлог законот за електронски учебници МОН демантира.

„МОН не се откажува од носењето целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и сенуди можнсот за дигитализација. Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации“, велат од МОН.

До трето одделение продолжуваат сите  да учат од печатени учебници. Покрај печатени за четвртоодделенците ќе има и електронски.

„Повлекувањето на законот за електронските учебници не значи повлекување од намерата, спроведување на некоја причина што треба да значи дополнително додавање на одредени елементи“, посочи Зоран Заев.

Заев ветува дека нема да дозволи никое дете да биде заборавено, независно дали  е родено во сиромашно семејство или ридско-планинско село каде нема интеренет. На што Алишан вели дека немаме развиена телекомуникациска инфраструктура за такво нешто, па прашува дали министерката била во село Китка?

Но, употребата на таблети наместо учебници, може да се гледа и од здравствен аспект. Црвенило, чешање, гребење, сувост на очите, пораст на диоптерија од рана возраст се дел од последиците од користењето на таблетите, мобилните и гледањето на тв -објаснува офталмологот Сашо Ѓорѓиоски.

„Компјутерите се покажаа, како поблаго да влијаат и помалку штета прават на видот  од мобилните телефони и таблетите, бидејќи имаат поголем монитор и заштита. Кај мобилните помал е екранот и не е статичен се менува аголот, па може да направи нелагодност на очите. Во последно време поради он лајн учењето има пораст на диоптријата и таму кај што децата немале проблем со очите т. е ги контролирале“, вели Сашо Ѓорѓиоски.

Од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“  велат дека не се против осовременување на образованието, но на секое дете треба да му биде подеднакво достапно. Тие најавуваат бојкот на наставата од четврток, а ако нема слух министерсвото и протест на 8 мај.