„Учебници има оти Владата одлучи да не продолжи со новиот концепт за основно образование и учебниците ги извадија од подрумите“, рече Филипче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Учебници има, затоа што владата одлучи да не продолжи со новиот концепт за основно образование“, рече Венко Филипче, лидерот на СДСМ во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Учебници има затоа што Владата одлучи да не продолжи со новиот концепт за основно образование. Овие учебници ги извадија од подрумите, поради тоа што владата реши да прекине тој концепт, и сега учениците кои завршија шесто одделение учеа по новиот концепт, и сега во седмо одделение ќе учат по истата концепција по која учеа лани“, кажа Филипче.