Ученик сериозно повреди врсник во Скопско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата привела 15-годишно момче од Скопско, кое тешко повредило врсник, јавува ТВ21. Инцидентот се случил во основно училиште во општина Гази Баба, кога малолетникот влегол во училиштето и со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во училишната зграда. Жртвата се здобила со тешки телесни повреди.

Полицијата соопшти дека остриот предмет е запленет и дека ќе се следи соодветна постапка.

„На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, стои во објавата на МВР.