Вака ќе изгледа еден онлајн час во средното градско училиште “Цветан Димов“ во Скопје од 1 октомври. “Микрософт тимс“, платформата која е унифицирана во ова училиште ќе покаже дали учениците спијат за време на наставата. Платформата ќе покаже колку часа одржале учениците и наставниците.
Обуката за професорите е на самоиницијатива на училиштето, вели директорот Висар Дураку. Тој вели дека процесот не е толку идеален како што изгледа. Се трудат да го засилат интернетот, но го плаши како ќе стигне наставата до домовите на учениците.
„Повеќето деца, сите сакаат настава со физичко присуство. Тоа е очигледно. Нема потреба да правиме анкета, бидејќи сите знаеме дека мислењето е за физичко присуство но Комисијата за заразни болести не дозволува. Имаме податоци за улениците и семејствата кои не можат да се вклучат или немаат таблет или компјутер. Во првата фаза беа околу 30 ученици кои имаа пречки“, истакна Висар Дураку.
Училиштето нема можност да им обезбеди на улениците опрема, затоа се поставува прашањето: Дали овие ученици ќе се исклучат од училиштата?
Го прашавме првиот човек на Скопје, Петре Шилегов кој вети дека ниеден од 24 илјади уленици од средните училишта нема да биде дискриминиран од наставата, вети Шилегов.
Наставата во средните училишта ќе се реализира онлајн бидејќи, како што објаснија здравствените власти, оваа категорија ученици мое да управува со технолошка опрема и од друга страна повеќе се групираат меѓу себе.
Училиштето “Цветан Димов“ има и медицинска паралелка. Од појавувањето на вирусот Ковид-19 тие не реализираат практична настава во болниците и се уште не се знае дали тоа ќе се прави по 1 октомври.
