На 01.11.2024 година во СВР Куманово било пријавено дека околу 16.50 часот на локалниот пат во село Љубодраг, кумановско, патничко возило удрило во пешак – С.Н.(53) од село Љубодраг, а потоа возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општата болница во Куманово. За настанот е запознат надлежен ЈО и бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово.