Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска од 13 часот ќе има видео состанок, на кој челниците ќе одлучуваат за Европското првенство 2020 година, како и за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Нации, како и за националните првенства.
Според последните информации, ЕП ќе биде преместено идната година, додека имаше шпекулации дека Русија или Турција се подготвени да го реализираат на своја територија.
Лигата на Нации ќе биде одложена за март идната година, додека Лигата на шампионите и Лигата на Европа најверојатно ќе се играат, но ќе завршат дури кон крајот на јуни.
Националните првенства, пак, би требало повторно да започнат најдоцна до 3. мај, и да завршат до 28. јуни.
Состанокот почнува во 13 часот по кој и официјално ќе се знае што ќе се случува со фудбалот кој е во мирување поради коронавирусот.