УЕФА Конференциска лига: Шкендија непоразена се враќа од Стокхолм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалерите на тетовска Шкендија одиграа вечерва нерешено 1-1 (1-1) во дуелот против шведски АИК на гостински терен во рамки на првиот натпревар од 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Шкендија поведе по само 26 секунди на натпреварот во Стокхолм со голот на капитенот Феран Хасани, а домаќините израмнија преку Џон Гуидети во 17 минута.

Реваншот е идниот четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Поуспешниот тим во плејофот за пласман во групната фаза во Конференциската лига ќе игра против поразениот од дуелот меѓу турски Фенербахче и Словачко од Чешка.

Тимот од Истанбул вечерва на домашен терен обезбеди предност пред реваншот од 3-0.