Угледниот „Гардијан“ прогнозира: „Медена земја“ ќе добие Оскар за најдобар документарен филм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Медена земја“ ќе добие Оскар за најдобар документарен филм, прогнозира угледниот „Гардијан“ кој направи анализа пред утрешната церемонија за доделување на Оскарите.

Питер Бридшоу е автор на текстот, филмски критичар и добар познавач на работите. Пишува дека „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите „За Сама“, „Пештерата“, „На работ на демократијата“ и „Американска фабрика“.

„Медена земја“ е номиниран во две категории. Покрај најдобар документарен филм, е номиниран и Интернационален (неанглиски) филм.

Церемонијата почнува во 2 часот во недела кон понеделник по македонско време. Ќе се одржи во „Долби“ театарот во Холивуд.