Угостителите го вклучија црвеното светло. Бараат итна средба со Владата,отворена за јавноста. Сакаат да дискутираат,како што велат, заеднички за оправданоста од носењето на мерките. Новите мерки, само го зголемија како што велат, нивниот револт. Наспроти нив, вчера премиерот Заев потенцира дека мора да се избереме меѓу профитот и задоволството.
„Стоиме на располагање заедно со угостителите да разговараме на оваа тема за да можеме заедно да ги процениме штетните последици кои врз ваквите правни субјекти се направени за да соодветно и помогнеме. Секој пат тоа сме го правеле со дијалог.“, рече Заев.
Дали Владата навистина преку дијалог ќе го решава прашањето на угостителите? 48 часа угостителите и оставаат на Владата за да одговори на нивното барање за следна средба.
„Ќе згрешиме ако на било кој начин се согласиме со вчерашната изјава дека мерките кои ги усвои Владата не се популарни. Мерките се одлични ако ги споредиме со мерките од соседството и земјите членки на Европската унија. Сметаме дека новите вчерашни РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ не се популарни не заради самите нив ТУКУ ЗАРАДИ НЕОДГОВОРНОСТА НА ВЛАДАТА веднаш со усвојување и донесување на истите не дискутира и усвои начини на обештетување на угостителите или соодветна финансиска поддршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена.“, велат од НУК.
Угостителите се жалат дека новата одлука, Владата ја има донесено без воопшто да ги консултира и да разговара за проблемите. Напоменуваат дека досегашните штети се огромни и се во висина меѓу 18 и 22 милиони евра. Сакаат да знаат дали Владата размислува да им ги надомести трошоците кои се резултат на селективната мерка.
„Владата избегнува секаква одговорност и обврска да ги надомести штетите кои се најголеми направени во угостителскиот секто. Како резултат на сето тоа настојува на некаков начин да ги минимализира, односно да не остават да работиме под специфични и непријатни услови за работа со што го загрозува работењето не само на угостителскиот сектор туку и опстанокот на сите тие работници што работат низ Македонија.“, вели Здравко Јосифовски од НУК.
И покрај ова остануваат оптимисти и веруваат дека Владата ќе изнајде простор за средба со нив . Потенцираат дека и покрај економските мерки Владата нема директни информации за тоа каде и на кој начин се даваат парите и додаваат дека угостителскиот сектор не е соодветно опфатен со владината финансиска помош, велат дека се обесправени и ставени во пакет со сите други дејности.
