Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 л/м²) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места.
На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер (и над 70 km/h).
Во Скопје Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во ноќта кон четврток, а нови пообилни врнежи ќе има во ноќта кон сабота кои во повисоките делови на котлината ќе преминуваат во снег и ќе се формира мала снежна покривка.
Во овој период ќе дува и засилен до силен ветер.